• недела, 24 ноември 2024

Симон Трпчески прогласен за почесен граѓанин на Општина Босилово

Симон Трпчески прогласен за почесен граѓанин на Општина Босилово

Струмица, 8 октомври 2024 (МИА) - Светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески од денеска е почесен граѓанин на Општина Босилово.

Веста ја соопшти градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, на својот фејсбук-профил, а одлуката за доделување плакета е донесена на 10 април годинава, по повод Денот на Општината.

-Честа и задоволството е обострано и големо. Мило ми е што еден голем Македонец, голем родољуб, светски признат и почитуван уметник како Симон Трпчески е дел од нашата локална заедница. Да се надеваме дека во иднина ќе имаме можност уште еднаш да го видиме Симон Трпчески на концерт во нашата општина, напиша градоначалникот Манчев.

Инаку, мајката на Симон Трпчески по потекло е од селото Секирник, Општина Босилово. рт/хс/ 

Фото: Општина Босилово

Остани поврзан