• недела, 28 јули 2024

Симонс: Јута загуби од Клиперс без Ленард, сега може да загуби од Далас без Дончиќ

Симонс: Јута загуби од Клиперс без Ленард, сега може да загуби од Далас без Дончиќ
Солт Лејк Сити, 23 април 2022 (МИА) - Познатиот новинар Бил Симонс проговори за проблемите кои Јута ги доживува во плејофот на НБА-лигата. - За работите да бидат уште полоши, Јута загуби од Клиперс, кои беа без Каваи Ленард. Сега може да загуби од Далас и без Лука Дончиќ. Неверојатно е што Лука може да се пласира во вториот круг во плејофот за прв пат во својата кариера без воопшто да се појави на теренот. Досега го гледаме во цивилна облека, изјави Симонс. Од 2017 година, Џезерите загубија три пати во вториот круг и двапати во првиот. Во плејофот во 2022 година, клубот од Солт Лејк Сити губи од Далас во првото коло со 2:1 во серијата прв до четири победи. зс/

Остани поврзан