• петок, 30 август 2024

Симонс потпиша со ПСЖ и отиде на позајмица во Лајпциг

Симонс потпиша со ПСЖ и отиде на позајмица во Лајпциг

Париз, 19 јули 2023 (МИА) - Играчот од средниот ред на ПСВ, Хави Симонс, потпиша договор со ПСЖ, соопшти прес-службата на парискиот клуб.

 

Договорот на 20-годишниот Холанѓанец е до јуни 2027 година. Според порталот „Transfermarkt“, трансферот изнесува шест милиони евра.

 

Се дознава дека Симонс сезоната 2023/24 ќе ја помине во Лајпциг на позајмица.

 

Во сезоната 2022/23, играчот од средниот ред одигра 48 настапи за ПСВ, постигнувајќи 22 гола и 12 асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан