• понеделник, 02 септември 2024

Симовски: Имаме скафандери, мантили, маски, дезинфекција..., пописот може да започне

Симовски: Имаме скафандери, мантили, маски, дезинфекција..., пописот може да започне
Скопје, 25 март 2021 (МИА) - Протоколите за попис се јавно објавени, има различни протоколи за различни ситуации. Имате ситуации со лица во самоизолација, имате позитивни, имате ситуација каде има и заразени и здрави лица. Затоа некаде ќе се носат и скафандери при попишувањето. Ќе знаеме на кои адреси какви лица има и ќе делуваме. Имаме голема количина средства за дезинфекција, имаме маски, мантили, скафандери и сето она што е неопходно. На терен попишувачите ќе имаат средства за секаква дезинфекција, како за маските, така за компјутерот и за сето останато, објасни дел од протоколите за попис, директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, вечерва во „Само вистина“ на Канал 5.
Тој нагласи и дека попишувачот мора да носи маска, да дезинфицира рацете пред да влезе, но и да ги замоли домаќините да стават маска.
Според Симовски, ако некој не биде пронајден во својот дом ќе му се остави известување за следна посета. сст/дма/

Остани поврзан