• вторник, 24 декември 2024

Симеоне: Се вративме од тешка ситуација

Симеоне: Се вративме од тешка ситуација

Мадрид, 21 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е задоволен од играта на неговиот тим синоќа на натпреварот од 10. коло на Ла Лига со Леганес.

Домаќините славеа со 3:1 и покрај тоа што Леганес на полувреме водеше.

-Задоволен сум што успеавме да се вратиме од тешка ситуација откако противникот ни поведе. Одигравме одлично второ полувреме. Треба да продолжиме во истиот дух. На паузата им кажав на моите фудбалери дека се добро подготвени, дека работиме 15 дена, дека примениот гол не треба да не извади од ритам, изјави Симеоне за „As“.

Атлетико има 20 бодови и е на третото место на табелата во шпанското првенство. 

Во следното коло избраниците на Симеоне ќе играат против бетис на 27 октомври. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан