• среда, 25 декември 2024

Симеоне: Атлетико контролираше 80 проценти од натпреварот против Лајпциг

Симеоне: Атлетико контролираше 80 проценти од натпреварот против Лајпциг

Мадрид, 20 септември 2024 (МИА) - Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е задоволен од играта на неговиот тим синоќа на средбата со Лајпциг. Атлетико победи со 2:1 во натпреварот од 1. коло во фудбалската Лига на шампионите.

- Контролиравме 80 проценти од натпреварот. Не можевме да го запреме контранападот кога примивме гол. Тие одлично напаѓаа во транзиција, но откако ќе ја освоевме топката успевавме да ги забавиме. Игравме повеќе на нивната половина од теренот, заработивме неколку корнери и создадовме четири добри шанси за гол. Добро е што Љоренте и Гризман иницираа изедначување. Тоа ни овозможи подоцна да ги освоиме трите бода, истакна Симеоне.

За Лајпциг последните десетина минути ги одигра македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Во второто коло Атлетико Мадрид на 2 октомври гостува кај Бенфика, а истиот ден Лајпциг ќе го пречека Јувентус. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан