• недела, 24 ноември 2024

Сименс доби нарачка од Дојче Бан за 30 супер брзи возови

Сименс доби нарачка од Дојче Бан за 30 супер брзи возови
Берлин, 15 јули 2020 (МИА) - Германската државна железничка компанија Дојче Бан (ДБ) порача 30 супер брзи возови од технолошкиот гигант „Сименс“ во вредност од милијарда евра, соопштија денеска компаниите. Со нарачката, капацитетот на ДБ ќе се зголеми за околу 13.000 седишта, се вели во заедничкото соопштение. Исто така, постои опција да се зголеми нарачката на ДБ за уште 60 возови. Новите возови ќе бидат воведени на железничките линии што ја поврзуваат Северна Рајна-Вестфалија со Минхен. - Вкупната флота на ДБ ќе се зголеми за 20 проценти во наредните години. Иако побарувачката е нагло намалена поради пандемијата на коронавирус, долгорочно сè зборува во корист на климатски прифатливиот железнички превоз, рече извршниот директор на Дојче Бан, Ричард Луц. „Сименс“ планира да ги произведе нарачаните возови во погоните во Баварија и Северна Рајна-Вестфалија, како и во Австрија. Супербрзите возови може да достигнат брзина до 320 километри на час. паг/    

Остани поврзан