• среда, 13 ноември 2024

Силјановска Давкова: Очекувам за мене да гласаат и многу неопределени, и пратеници од СДСМ и луѓе од ДУИ

Силјановска Давкова: Очекувам за мене да гласаат и многу неопределени, и пратеници од СДСМ и луѓе од ДУИ

Скопје, 22 април 2024 (МИА) - Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ вечерва изрази убеденост дека за неа ќе гласаат дури и пратеници од СДСМ, луѓе од ДУИ и од други партии како и многу неопределени. Во Само интервју на ТВ Канал 5, Силјановска Давкова во однос на исходот од гласањето во вториот круг од изборите рече дека неможе повторно да се случи 1999 година, бидејќи околностите се различни.   

-Расположението кај македонските гласачи е поинакво. Секој има праг на воздржливост и нашите граѓани, дел од нив во оваа власт не можат да препознаат социјалдемократија. Мислам дека нема да гласаат за нив. Јас сум убедена дека за мене ќе гласаат дури и некои пратеници од СДСМ, дури и некои луѓе од ДУИ и од другите партии а исто така и многу неопределени, рече Силјановска Давкова.

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ повторува дека дури и со ваква преговарачка рамка се можни решенија, како и дека доколку стане претседателка најнапред ќе разговара со соседите и ќе предочи на регионалните прашања, но и на други околности. Според неа, ЕУ нема политика за Западена Балкан.  

-Очекувам кога ќе завршат изборите кај нас, кога ќе завршат изборите во ЕУ, кога ќе завршат изборите во Бугарија - реков дека приоритет ми се нашите соседи да поразговараме. Јас мислам дека дури и со ваква преговарачка рамка можни се решенија. Нека си продолжат комисиите да разговараат но да се даде една интерпретација на Договорот за пријателство и добрососедство низ призма на преамбулата дека нема прашањата врзани за идентитетот, за културата и за историјата да можат да бидат основ за вето туку само копенхашките критериуми. ЕУ исто така мислам дека треба да си ги чува темелните вредностии принципи. Тие всушност уживаат и судска зашита без тоа ЕУ не е инспиративна демократска заедница, изјави Силјановска Давкова. ев/са/ 

ФОТО: Принтскрин

 

 

Остани поврзан