• вторник, 24 декември 2024

Силјановска Давкова: Ниту сум била ниту сум против децентрализацијата

Силјановска Давкова: Ниту сум била ниту  сум против децентрализацијата

Велес,17 април 2024(МИА) - Кандидатката за претседател на Коалицијата  „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова вечерва побара поддршка од велешани, истакнувајќи ја важноста на изборот што ќе го направат граѓаните на 24 април и на 8 мај. 

-Како многупати досега еден иден иден ден сите нас ќе не  прашаат каде бевте кога Македонија исчезнуваше дел по дел и во тој процес до степен на непрепознавање. Затоа мислам дека сте на правото место и мислам дека јас донесов добра одлука и мислам дека таа одлука најпрво ќе се реализира на 24 април, а на 8 мај уште повеќе ќе се потенцира, порача Силјановска Давкова.

Таа рече дека претседателот Пендаровски кој ретко го спомнува ја обвинува дека таа била против децентрализацијата во 2004 година  и истакна дека тоа не е точно..

-Е затоа умот треба да победи. Во 2004 година кога беше покренато донесувањето на оној ужасен закон за територијална организација нека провери и тој, јас бев потпретседателка на  групата на незвисни експерти на Европската повелба за локална самоуправа што ќе рече брнителката на локалната демккратија и децентрализацијата. Не, не бев јас против децентрализација и тогаш и сега сум за децентрализација ама бев против вештачката неприродна територијална организација.Преку ноќ без согласност на граѓаните, на локалните власти и без почитување на 33 референдума на локално ниво за задржување на статусот на општините, беше направен демографски и изборен инженеринг и беа вештачки придодадени селски средини на урбаните.Се заборави дека ние во науката велиме ако додавате рурални средини на урбани, а разликите се огромни нема да ги урбанизирате општините, туку ќе ги рурализирате, појасни Силјановска Давкова.

Таа посочи дека „последиците ги гледаме и денеска што вештачки во некои градови, селото го управува градот и во некои градови се вратени феудалните односи“. Рече дека „такви  градови се за жал  Струга и Кичево, каде однапред се знае кој ќе биде изборниот резултат“.

Во овие градови од власта, наведе, не кандидираат ни кандидати за градоначалници што е е хипокризија и цинизам ,за некои кои се залагаат за децентрализација, но во пракса не ја спроведуваат.

Таа порача дека тие по изборите мора да стават крај и  на сегашната  импровизациите во правната држава.

-Нивните заменици, судии ,јавни оввинители и директори се далеку од владеењето на  правото и се таму не заради своето знаење туку заради нивната послушност и лојалност. Доста и е на Македонија од вакви ликови. Моите најумни студенти со нивната препорака в раце да бидат добредојдени по западна Европа и светот, а овде на сите функции да бидат оние кои друг избор немаат освен да му бидат локални на патронот ,посочи Силјановска Давиткова.

Најави дека околу себе во Советот ќе ги собере младите, лицата со посебни потребии, ќе  ги поддржува и жените...

Таа потсети дека во демократијата треба да се штитат најранливите категории и порача дека „Македонија не смее да биде бинационална држава, туку држава на рамноправни граѓани“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, рече дека Пендаровски не ги критикува ДУИ што значи, посочи, е нивен привезок и втор кандидат за претседател.

-Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас за неговото тврдење дека Гоце Делчев е Бугарин. Гласот за Стево Пендаровски е глас за навредите на човек кој во отсуство на аргументи напаѓа и навредува жена. Гласот за Стево Пендаровски е глас за човек кој вели дека бугарскиот диктат мора да се прифати, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Тпј испрати апел до македонските граѓани, масовно да се излезе на гласање затоа што, наведе, овие избори ќе се одлучат уште во првиот круг на 24 април со тоа што својот глас ќе го дадат за професорката Гордана Силјановска Давкова и за ВМРО-ДПМНЕ која што претставува движечка сила на промени.ад/лв/

фото:ВМРО-ДПМНЕ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан