• среда, 25 декември 2024

Силјановска Давкова: Народот легитимира, народот делегитимира

Силјановска Давкова: Народот легитимира, народот делегитимира

Скопје, 3 март 2024 (МИА)  - Голема благодарност за поддршката! Мислам дека е во прашање човечки и граѓански пркос, меѓутоа уште повеќе надеж дека пред нас се големи промени, истакна во видео обаќање на Фејсбук Гордана Силјановска Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, откако денеска ги собра потребните над 10 000 потписи за кандидатурата. 

Таа дополнува дека народот легитимира и народот делегитимира.

-Мислам дека е тоа знак за длабоки реформи. Уште еднаш се докажа дека овој народ не заслужува ваква власт. Народот легитимира, народот делегитимира. Јас сум му бескрајно благодарна за легитимацијата. Верувам дека речта е прва и дека веројатно и тие веруваат дека она што го зборувам ќе го направам!, стои во објавата.лв/

фото.МИА 

Остани поврзан