• четврток, 26 декември 2024

Силувањето во брак нема да биде криминализирано во Индија во блиска иднина

Силувањето во брак нема да биде криминализирано во Индија во блиска иднина
Њу Делхи, 3 февруари 2022 (МИА) - Министер од индиската влада изјави дека силувањето во брак, нема да биде криминализирано наскоро, дури и покрај судскиот случај и дебатите во парламентот и на социјалните мрежи околу оваа тема, јави ДПА. Криминализацијата на брачното силување „е сложен и долг процес, со оглед на спектарот на различни ставови на засегнатите страни“, појасни Аџеј Мишра, помлад министер за внатрешни работи. Сопруг кој ја силува сопругата, не е предмет на кривично гонење. Освен, доколку жената е под 15 години, според исклучок од членот 375 од индискиот кривичен законик, кој датира од времето на британската колонијалност. И покрај тоа што барањето за криминализација на брачното силување стана распространето во последните децении, како и тоа што го бараат организациите за правата на жените, законот не се смени во Индија. Високиот суд во Делхи моментално расправа за случајот покренат од две организации за правата на жените и побара од владата да го разјасни својот став. Адвокатот на подносителите тврдеше дека исклучокот за силување во брак го прекршил правото на жената на лично и сексуално достоинство според Уставот на Индија, се наведува на веб-страницата за правно известување Live Law. Министрите, кои вчера зборуваа во индискиот парламент, изјавија дека владата го започнала процесот на измена на кривичните закони, објави весникот Хинду. Пратеникот на владејачката партија Бхаратија Џаната, Сушил Моди, беше цитиран, како рече дека на обвинетите за брачно силување, треба да им се даде имунитет, во спротивно, институцијата брак ќе биде уништена. Слични гледишта беа искажани и од поединци на Твитер. Според нив, со изменет закон, ќе се доведе до несериозни обвиненија против мажи и ќе го направи опасно стапувањето во брак. бд/ссм/

Остани поврзан