• среда, 27 ноември 2024

Силниот ветер го блокира поморскиот сообраќај Албанија-Италија

Силниот ветер го блокира поморскиот сообраќај Албанија-Италија
Драч, 5 јануари 2020 (МИА) – Поради неповолните временски услови воведена е забрана за испловување на траекти од Драч кон Бари и обратно, се до друга наредба од капетанијата на пристаништето, соопшти албанската генерална поморска управа. „Пристаништето Драч е отворено и во готовност, но поради затворањето на пристаништето Бари забрането е отпловување од Драч кон Бари за да се избегне престојот на траектот и патниците на пристаништето Бари“, се наведува во соопштението. Управата бара разбирање од патниците блокирани во пристаништата во Бари и во Драч, бидејќи „се прави се за да се гарантира безбедна пловидба во ситуација на немирно море поради силниот ветер и високите бранови“. Во Албанија поради многу ниските температури и снежните врнежи веќе се чувствуваат проблеми во одвивањето и на патниот сообраќај, посебно во северниот дел на земјата, како и во Корча. Надлежните апелираат на задолжителна употреба на зимска опрема, голема внимателност и строго почитување на условите на патот и сообраќајните правила и прописи. вт/

Остани поврзан