• среда, 25 декември 2024

Силна експлозија оштети две згради во Санкт Петербург, шест лица побарале медицинска помош

Силна експлозија оштети две згради во Санкт Петербург, шест лица побарале медицинска помош

Санкт Петербург, 2 март 2024 (МИА) - Две згради се оштетени во рускиот град Санкт Петербург, а жителите се евакуирани по силната експлозија што утринава ги разнесе прозорците на објектот, јавија руските медиуми. 

Американските медиуми, повикувајќи се на прес-службата на градскиот здравствен комитет, пренесуваат дека по експлозијата  шест лица побарале медицинска помош.

Гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, изјави дека „инцидентот“ се случил во североисточната област Красногвардејски и дека во него нема жртви, но жителите се евакуирани.

Градоначалникот не ја наведе причината или природата на инцидентот.

Жителите сведочат дека прво слушнале необичен звук, а потоа експлозија, по што избувнал пожар.

Руските медиуми пишуваат дека е можно да се работи за соборено украинско беспилотно летало, што за своја цел го имало блиското складиште за гориво.сд/

фото: Х

Остани поврзан