• недела, 28 јули 2024

Силна експлозија во воена база во Јордан

Силна експлозија во воена база во Јордан
Аман, 11 септември 2020 (МИА) - Силна експлозија ги потресе предградијата на градот Зарка во Јордан. Според првичните информации, се слушнале низа експлозии од базата на јорданската армија, во близина на Зарка, која лежи на североисточниот раб на главниот град на Јордан - Аман. Според сириската државна телевизија, сириската противвоздушна одбрана го спречила израелскиот напад врз градот Алепо, но не се дадени други детали за да се расветлат причините за експлозиите во Јордан. паг/

Остани поврзан