Силен земјотрес регистриран на Курилски Острови
- Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на руските Курилски Острови
Москва, 17 октомври 2021 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на руските Курилски Острови.
Епицентатот на земјотресот бил на 201 километар од градот Северо-Курилск, на длабочина од 40 километри.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. ми/