• вторник, 24 декември 2024

Силен земјотрес регистриран и во кинеската провинција Кингхај

Силен земјотрес регистриран и во кинеската провинција Кингхај
Пекинг, 21 мај 2021 (МИА) - Земјотртес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во западната кинеска провинција Кингхај, соопшти Кинескиот сеизмолошки центар. Епицентарот бил во округот Мадо, на длабочина од околу 17 километри. По силниот земјотрес уследиле уште два послаби од 3,1 и 3,9 степени. Во Кина денеска ова е втор силен земјотрес. Претходно во во југозападната кинеска  провинција Јунан беше регистриран земјотрес со интензитет од 6,1 степени, при што загинаа најмалку двајца, а девет лица се повредени. Поради земјотресот 21.000 луѓе се евакуирани. ми/

Остани поврзан