• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Силен земјотрес регистриран во јапонската префектура Фукушима

Силен земјотрес регистриран во јапонската префектура Фукушима
Токио, 13 февруари 2021 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јапонската префектура Фукушима. Епицентарот бил на 81 километри од градот Ишиномаки. Не е издадено предупредување за појава на цунами. Се уште нема информации за евнтуалнни жртви и причинета материјална штета. Во земјотресот со интензитет од девет степени според Рихтеровата скала што ја погоди Фукушима на 11 март 2011 година и предизвика цунами загинаа 18.000 луѓе. Земјотресот предизвика и оштетување на три реактори во никлеарната централа Фукушима 1. ми/

Остани поврзан