• петок, 27 декември 2024

Силен земјотрес регистриран во близина на Источен Тимор

Силен земјотрес регистриран во близина на Источен Тимор
Џакарта, 27 мај 2022 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на брегот на Источен Тимор. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 51,4 километри источно од островот Тимор, кој е поделен помеѓу Источен Тимор и Индонезија. По земјотресот издадено е предупредување од можна појава на цунами. Источен Тимор се наоѓа на пацифичкиот „огнен прстен“, каде земјотресите се честа појава. ми/

Остани поврзан