• сабота, 23 ноември 2024

Силен земјотрес регистриран во близина на Вануату

Силен земјотрес регистриран во близина на Вануату
Канбера, 18 август 2021 (МИА) - По земјотресот со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала регистриран во близина на Вануату издадено е предупредување за појава на цунами. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 91 километар на околу 340 километри северозападно од главниот град на Вануату, Порт Виле. Вануату се наоѓа во Огнениот појас на Пацификот, каде се чести ерупциите на вулканите и земјотресите. ми/

Остани поврзан