• четврток, 26 декември 2024

Силен земјотрес на Филипините, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес на Филипините, издадено предупредување за цунами

Манила, 4 април 2023 (МИА) - Силен земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди денеска источниот дел на Филипините, по што државната сеизмолошка агенција издаде предупредување за цунами.

Епицентарот на земјотресот бил на 120 километри од градот Виго, на длабочина од 45 километри, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт, кој првично соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,3 степени.

Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија ги повика луѓето што живеат во близина на брегот да се оддалечат од океанот, предупредувајќи дека може да се соочат со бранови високи еден метар над просекот и дека брановите би можеле да бидат уште повисоки во заливите и теснецот.

- Јавноста е информирана да биде подготвена во случај на големи бранови. Им беше препорачано да се држат настрана од плажите, изјави за радиото ДЗММ, Терезито Баколол, директор на државната сеизмолошка агенција.

Тој додаде дека засега нема извештаи за штети или жртви. ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан