• среда, 01 април 2026

Силен земјотрес го погоди поширокиот регион на Токио

Силен земјотрес го погоди поширокиот регион на Токио

Токио, 1 април 2026 (МИА) – Силен земјотрес го потресе поширокиот регион на Токио, соопштија денеска локалните власти, додавајќи дека нема опасност од цунами.

Епицентарот на земјотресот со магнитуда од 5,0 степени бил во префектурата Ибараки, во соседство на Токио, на длабочина од околу 50 километри, соопшти јапонската метеоролошка агенција.

Геолошкиот институт на Соединетите Држави (USGS) ја процени магнитудата на 4,9 степени.

Засега нема извештаи за штети или повредени лица, пренесе ДПА. јт/мс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан