• четврток, 26 декември 2024

Силен земјотрес во Индонезија, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес во Индонезија, издадено предупредување за цунами

Џакарта, 25 април 2023 (МИА) - Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел од индонезискиот остров Суматра, соопшти Индонезиската геофизичка агенција (БМКГ), по што е издадено предупредување за цунами.

Претходно Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ) соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,9 степени.

По земјотресот, чиј епицентар беше на длабочина од 84 километри, издадено е предупредување за цунами, додаде индонезиската метеоролошка служба.

Агенцијата побара од тамошните власти веднаш да ги повикаат жителите да се оддалечат од брегот.

По главниот, следеа серија помали земјотреси, од кои некои беа со јачина од 4 степени според податоците на БМКГ.

Земјотресите се вообичаени во Индонезија, која се наоѓа на таканаречениот Огнен прстен на Пацификот, сеизмички активна област каде што се спојуваат плочите на Земјината кора. 

На 26 декември 2004 година, земјотрес со магнитуда 9,1 го погоди источниот брег на Суматра, предизвикувајќи цунами во кое загинаа околу 230,000 лица, по што продолжи по должината на бреговите на Шри Ланка, Индија, Малезија, Индонезија и Тајланд. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан