• недела, 06 октомври 2024

Силвињо: Никогаш нема да го заборавам овој ден

Силвињо: Никогаш нема да го заборавам овој ден

Дизелдорф, 24 јуни 2024 (МИА) - Селекторот на албанската фудбалска репрезентација Силвињо проговори за тоа што очекува од претстојниот натпревар со Шпанија во 3. коло од групната фаза на Евро 2024. 

Тој призна дека е запознаен со многу играчи кои играат во Шпанија. 

- Одличен тим со одличен тренер и никогаш нема да го заборавам овој ден. Да се ​​сретнам со Шпанија и да имаш шанса да напредуваш е одлично, изјави Силвињо за официјалниот сајт на УЕФА.

Додаде дека долго време живее во Шпанија со своето семејство.

Натпреварот ќе се игра вечер од 21 часот во Дизелдорф.

Шпанија веќе обезбеди пласман во осминафиналето, додека на Албанија и се потребни три бода за сигурен пласман во плејофот. зс/

Фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан