• недела, 24 ноември 2024

Силвестер Сталоне се приклучува на „Одредот на отпишаните“

Силвестер Сталоне се приклучува на „Одредот на отпишаните“
Лос Анџелес, 16 ноември 2020 (МИА) - Силвестер Сталоне е последното звучно име коешто ѝ се приклучи на актерската екипа на новото продолжение на „Одредот на отпишаните“ (The Suicide Squad). Веста ја објави режисерот Џејмс Ган, на Инстаграм викендов. „Отсекогаш сакав да работам со мојот пријател Сталоне и нашата работа на ’Одредот на отпишаните‘ не e исклучок... Иако Слaj е филмска sвезда и икона, повеќето луѓе сè уште немаат претстава колку е овој човек неверојатен како глумец“, се пофали Ган. Сталоне го потврди податокот. Според ИМДБ, сè уште не се знае кој лик тој ќе го толкува. Во филмот, чиешто прикажување е закажано за 6 свгуст 2021 година, своите улоги ќе ги повторат Марго Роби како Харли Квин, Џеј Кортни - капетан Бумеранг, Џоел Кинаман - полковник Рик Флег и Вајола Дејвис како Аманда Волер. Останува нејасно кој ќе го глуми Џокер, откако стана јасно оти Џеред Лето засега не се враќа во улогата на негативецот. Во новиот филм ќе се појават и Идрис Елба и Џон Сена. Сталоне, најверојатно, ќе глуми и во четвртиот дел на „Платеници“ (The Expendables 4), но тој проект е сè уште во претпродукција. си/ссм/

Остани поврзан