• вторник, 12 ноември 2024

Силверстон останува домаќин на Ф1 трка до 2034

Силверстон останува домаќин на Ф1 трка до 2034

 

Лондон, 8 февруари 2024 (МИА) – Трката за Големата награда на Велика Британија на патеката Силверстон ќе остане во календарот на Формула 1 до 2034 година.

Силверстон е местото на кое на 13 мај 1950 година се одржа првата трка во Формула 1 кога триумфираше Нино Фарина, а патеката беше 57 пати домаќин на ГН на Велика Британија од вкупно 74 одржани трки.

„Силверстон е икона која се наоѓа во срцето на Формула 1 и се ближи на својата деветта декада како домаќин на големите награди, а овој настан и натаму привлекува навивачи од сите страни на светот за да доживеат величествено искуство“, изјави извршниот директор на Ф1, Стефано Доменикали.

Патеката последен пат беше реновирана во 2010 година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан