• недела, 01 септември 2024

Силва може да го пропушти дербито со Челси

Силва може да го пропушти дербито со Челси

Манчестер, 16 февруари 2024 (МИА) - Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва е под знак прашалник за утрешниот натпревар против Челси. Џек Грилиш и Јошко Гвардиол, исто така, ќе ја пропуштат средбата. Ова го откри менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола, додавајќи дека Матео Ковачиќ и Серхио Гомеш ги продолжиле тренинзите со тимот.

- Грлиш мислам дека нема да биде подготвен. Не ја знам неговата точна состојба, морам да разговарам со лекарите. Знам само дека нема да може да игра утре. За Бернардо Силва ќе видиме денеска на нашиот попладневен тренинг. Ковачиќ тренира, како и Серхио Гомеш, изјави Гвардиола.

Грилиш и Бернардо Силва се здобија со повреди на натпреварот против ФК Копенхаген во текот на неделата. Гвардиол, пак, ќе отсуствува две или три недели поради повреда на скочниот зглоб.дс

Фото: Фејсбук/Манчестер сити

Остани поврзан