• сабота, 23 ноември 2024

Си-Ен-Ен: Трамп нема намера да поднесе оставка

Си-Ен-Ен: Трамп нема намера да поднесе оставка
Вашингтон, 8 јануари 2021 (МИА) - Американскиот претседател нема намера да поднесе оставка. Тоа го јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на изјава на тројца советници на Доналд Трамп. Шефот на републиканците во Претставничкиот дом, Кевин Мекарти денеска во соопштение нагласи дека е против напори за импичмент на претседателот Доналд Трамп бидејќи според него, тој потег само „ќе ја подели нашата земја уште повеќе“. „Импичмент на претседателот на само 12 дена од неговиот мандат само ќе ја подели нашата земја уште повеќе“. Мекарти, еден од најмоќните лојални на Трамп во Конгресот во текот на неговиот четиригодишен мандат, рече дека се обратил денеска кај новоизбраниот претседател Џо Бајден и планира „да разговара со него за тоа како мора да работиме заедно за да ја намалиме температурата и да ја обединиме земјата за да ги преброди предизвиците“. зш/

Остани поврзан