• вторник, 24 декември 2024

Си-ен-ен: Системот за противвоздушна одбрана Патриот најверојатно е оштетен, но не е уништен 

Си-ен-ен: Системот за противвоздушна одбрана Патриот најверојатно е оштетен, но не е уништен 

Вашингтон, 16 мај 2023 (МИА) - Американскиот систем за противвоздушна одбрана Патриот најверојатно е оштетен, но не е уништен зa време на вчерашниот ракетен напад на Русија врз Киев, соопшти денеска Си-ен-ен повикувајќи се на неименуван американски службеник. 

-САД се уште ја оценуваат големината на штетата. Тоа ќе овозможи да се одреди дали може системот да биде вратен назад, или Украинците едноставно ќе го поправат на самото место, истакна службеникот. 

Во обемниот синоќешен руски ракетен напад врз Киев, воружените сили на Украина соопштија дека пресретнале 18 руски ракети, меѓу кои имало и шест хиперсонични „Кинжал“, за кои рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тврди дека се несоборливи. Руската страна негира дека нивните проектили, наводно 25 на број, биле уништени и соопшти дека во нападот целосно бил уништен системот Патриот. кб/ссм/

фото: илустрација/МИА архива

Остани поврзан