Си-Ен-Ен: САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина
- САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина и покрај фактот што од денеска повеќе не испорачуваат воена помош за оваа земја, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата.

Вашингтон, 4 март 2025 (МИА) - САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина и покрај фактот што од денеска повеќе не испорачуваат воена помош за оваа земја, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата.
Потврдата дека САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера нареди пауза во американската воена помош за Киев, по жестоката дебата во Овалната соба со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела.
Трамп и Зеленски разменија остри зборови за ситуацијата во Украина, кога Трамп го обвини украинскиот претседател дека не е благодарен за помошта што неговата земја ја доби од САД и дека покажува „непочитување“, по што беше одложено потпишувањето на договорот за ретки минерали на Украина, што беше најавено.
По неуспешната средба, американскиот претседател изјави дека Зеленски „не бил подготвен за мир“ и дека може да се врати во Белата куќа на разговори кога ќе биде подготвен за тоа.сд/
фото: МИА архива