Си-Ен-Ен: Русија гради нова железничка врска со окупираниот дел на Украина
- Украинските власти тврдат дека Русија гради нова железничка линија што ќе ги поврзе окупираните украински градови Мариупол, Волноваха и Доњецк, северно од Азовското Море, јавува Си-Ен-Ен, пренесе Бета.
Киев, 27 септември 2023 (МИА) - Украинските власти тврдат дека Русија гради нова железничка линија што ќе ги поврзе окупираните украински градови Мариупол, Волноваха и Доњецк, северно од Азовското Море, јавува Си-Ен-Ен, пренесе Бета.
Советникот на прогонетиот градоначалник на Мариупол, Петро Андриушченко, објави дека Русите „почнале да градат железнички мост над реката Калмиус во близина на селото Хранитне, линија што директно се поврзува со руските градови Таганрог и Ростов на Дон.
Андриушченко додаде дека ако се изгради железницата, тоа ќе им овозможи на Русите да транспортираат воени и цивилни резерви на окупираните територии во јужна Украина без да се потпираат на мостот на Крим, кој украинските сили го нападнаа во последните месеци додека се обидуваат да ги прекинат руските линии за снабдување на полуостровот Крим. мс/
фото: МИА архива