• среда, 25 декември 2024

Си-Ен-ЕН: Камал Харис го избра гувернерот на Минесота, Тим Валц, за свој потпретседател

Си-Ен-ЕН: Камал Харис го избра гувернерот на Минесота, Тим Валц, за свој потпретседател

Вашингтон, 6 август 2024 (МИА) – Актуелната американска потпретседателка и официјален кандидат на Демократската партија за претседател на САД на изборите во ноември, Камала Харис, го избера гувернерот на Минесота, Тим Валц, за свој потпретседател, јави денеска Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименувани извори.

Четири извори, блиски до кампањата на Харис, изјавиле за телевизијата дека Валц е нејзиниот избор.

Си-Ен-Ен пишува и дека кампањата на поранешниот претседател и републикански кандидат за претседател Доналд Трамп будно ја следи одлуката на Камала Харис, иако тврдат дека не веруваат дека изборот ќе има толкаво влијание во трката за претседател.

Харис денеска на предизборна средба во Филаделфија треба да соопшти кој ќе и биде потпретседател.

Валц (60) е искусен прогресивен лидер чиј профил може да помогне во зајакнувањето на рејтингот на Харис во државите од Средниот Запад, вклучувајќи ги Висконсин и Мичиген, кои можеби го претставуваат најдобриот пат за нејзино влегување во Белата куќа како прва претседателка во историјата на САД, пишува Си-Ен-Ен.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан