• вторник, 19 ноември 2024

Си-Ен-Ен и Блумберг ја прекинуваат работата во Русија

Си-Ен-Ен и Блумберг ја прекинуваат работата во Русија
Њујорк, 4 март 2022 (МИА) - Американската ТВ мрежа Си-Ен-Ен престана да емитува програма во Русија откако претседателот Владимир Путин потпиша декрет според кој луѓето можат да бидат осудени на 15 години затвор доколку шират „лажни вести“ за руските вооружени сили. Портпарол на Си-Ен-Ен истакна дека „медиумот ќе престане да емитува програма во Русија. Ние продолжуваме да ја проценуваме ситуацијата и нашите следни чекори“. И американската агенција Блумберг Њуз соопшти дека ќе го следи истиот пример. - Со големо жалење решивме привремено да го прекинеме нашето собирање вести во Русија. Промената во кривичниот закон, која се чини дека е спроведена за да го претвори секој независен известувач во криминалец, го оневозможува функционирањето на нормално новинарство во земјата, изјави вечерва главниот уредник на Блумберг, Џон Миклетвејт. гт/

Остани поврзан