• среда, 25 декември 2024

Си-ен-ен: Зеленски е информиран дека рускиот напад ќе се случи в среда 

Си-ен-ен: Зеленски е информиран дека рускиот напад ќе се случи в среда 

Вашингтон, 14 февруари 2022 (МИА) Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, добил американски разузнавачки информации дека Русија подготвува воена акција против Киев која ќе случи неделава во среда, јави денеска Си-ен-ен. 

-Украинскиот претседател кажа дека бил информиран дека нападот ќе се случи в среда, за 48 часа од денеска, јави телевизијата 

Зеленски, во одговор на овие шпекулации, денеска со указ го прогласи 16 февруари за  Ден на единство.  

-Во тој ден ние ќе ги поставиме нашите национални знамиња, ќе носеме сино-жолти ленти, и ќе му покажеме на целиот свет дека сме обединети, изјави Зеленски, јави Радио Слобода. 

Претходно, и некои германски изданија како „Шпигел“ ја посочија датата 16 февруари како наводна дата за почеток на руската инвазија на Украина. 

Од Пентагон денеска изјавија дека руската армија продолжува да распоредува дополнителни сили кон границата со Украина. кб/ 

Остани поврзан