• сабота, 23 ноември 2024

Сидни Свини го снима биографскиот филм за боксерката Кристи Мартин

Сидни Свини го снима биографскиот филм за боксерката Кристи Мартин

Лос Анџелес, 16 октомври 2024 (МИА) - Во светските медиуми се појавија слики од Сидни Свини која деновиве го снима сѐ уште ненасловениот биографски филм за познатата американска боксерка Кристи Мартин.

Глумицата на новите фотографии носи кафена кадрава перика, сина марама и широка облека за да го долови и прикаже животот на Мартин во 90-тите пред нејзиниот сопруг Џејмс да се обиде да ја убие. Се работи за првата жена што потпишала договор со легендарниот боксерски промотер Дон Кинг. Била и првата боксерка која се појавила на насловната страница на магазинот „Спортс илустрејтед“ (Sports Illustrated), а американската јавност ја наречена „женскиот Роки“. Судбоносниот миг во животот, сепак, ѝ се случил во 1989 година, кога го запознала својот менаџер, а подоцна и нејзин сопруг - Џејмс Мартин.

- Од 12 до 19 години тренирав борење и кик-бокс. Многу сакав да се вратам во рингот, и да го извежбам моето тело. Приказната на Кристи не е лесна - беше физички и емотивно напорна, полна е со тешки пречки. Но, сакам предизвици!, изјави Свини.

Шармот на ѕвезда и успехот во рингот ја претвориле Мартин во хит во боксот, но малку кој знаеше со какви проблеми и семејно насилство се соочува во приватниот живот. Имено, во 2010 година нејзиниот сопруг се обидел да ја убие.

На многумина од нејзините обожаватели и следачи, Сидни во новата улога им изгледа непрепознатливо.

Сидни и претходно глумеше во филм според вистинска приказна - во филмот „Реалност“, каде што глуми „свиркач“ и политички активист. Инаку, ужива углед на една од најубавите глумици на денешницата, што е потврдено и од тн. Златен пресек и научниците коишто ја проучувале нејзината убавина. си/сд/

Фото: „Фејсбук“, „Јутјуб“, фотоисечоци

Остани поврзан