• четврток, 26 декември 2024

Сибиха: Ако успее офанзивата, Украина ќе разговара за Крим

Сибиха: Ако успее офанзивата, Украина ќе разговара за Крим

Лондон, 6 април 2023 (МИА) – Официјален Киев вчера испрати важна порака за евентуални преговори со Русија. Досега тоа е најексплицитна порака дека Украина е заинтересирана за преговори со Русија, објави британскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Украинскиот дипломати и заменик шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Сибиха изјави дека Киев е подготвен за дипломатски разговори со Москва за иднината на окупираниот полуостров Крим, но под еден услов.

- Доколку успееме да ги постигнеме нашите цели на фронтот, односно кога сме на административната граница со Крим, подготвени сме да отвориме дипломатски преговори на таа тема. Тоа не значи дека исклучуваме воено ослободување на Крим, изјави Сибиха во интервју за ФТ.

Според весникот изјавите на Сибиха би можеле да ја намалат загриженоста на западните лидери кои се скептични за способноста и капацитетите на украинската армија за воено ослободување на Крим, но и загрижени за можноста рускиот претседател Владимир Путин да ја ескалира војната поради таквиот обид, можеби дури и со тактичко нуклеарно оружје.

Зеленски досега ја можноста за какви било преговори со Москва додека сите руски сили не ја напуштат Украина. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан