• сабота, 23 ноември 2024

Сибирскиот еднорог изумрел пред помалку од 40.000 години

Сибирскиот еднорог изумрел пред помалку од 40.000 години

Лондон, 8 авгyст 2024 (МИА) - Животно, познато како сибирски еднорог, кое тежело околу 3,5 тони, некогаш се движело по пасиштата на Евроазија. Латинското име му е „Elasmotherium sibiricum“, и имал рог на челото, а се смета за еволутивен предок на носорогот.

Новите, по малку изненадувачки сознанија говорат дека овој „полу-митски ѕвер“ живеел по Земјата во истовреме со луѓето. Некогаш се сметаше дека овој вид изумрел пред 100.000 до 200.000 години, но неодамнешното датирање на фосилни останки го смести во времето од пред само 39.000 години. Важи за роднина на носорогот, но по големина, сибирскиот еднорог се споредува со денешниот слон - поради неговата должина од околу 4,5 метри. Сепак, можеби највпечатлив е неговиот рог којшто додава два метри во вкупната должина. Веројатно рогот ссе состоел од кератин, како и роговите на денешните живи носорози, но тоа допрва треба да се докаже преку зачуван примерок, бидејќи кератинот не преживува меѓу фосилите, каков што е случајот со коските.

Меѓу најзначајните наоди е целиот череп, којшто веќе неколку години се наоѓа во Природонаучниот музеј во Лондон, Велика Британија. При проучувањата на ова ретко откритие заради датирањето, професорот Адријан Листер и неговите колеги заклучија: Фосилот е стар помалку од 40.000 години.

По консултација со научници од Русија и Холандија, тезата дека овие животни изумреле пред 200.000 и 100.000 години, е отфрлена.

„Постојано ограничениот географски опсег на движење за 'Elasmotherium' (веројатно поврзан со неговото посебно живеалиште), како и малубројноста на овој вид и бавната стапка на размножување поврзани со големиот обем на телото, би го предиспонирале за исчезнување, како и промените во животната средина, додека Преживеале еколошки слични, но многу помали видови (на пр. 'S. tatarica')“, се наведува во научниот напис објавен во „ИФЛ сајенс“ (IFLScience).

Истребувањето на овој вид теоретски би можело да биде забрзано од притисокот на човекот и ловот, со оглед на замената на неандерталецот со хомо-сапиенсот во подрачјето на Евроазија. Но, во мигов нема докази за остатоците од „Elasmotherium“ во ниедно археолошко наоѓалиште поврзано со луѓе, ниту пак, уметнички прикази.  си/

Фото: Јутјуб

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан