• четврток, 26 декември 2024

СЗПМ одбележа 75 години од основањето: Во изминатиот период постигната подобра здравствена заштита и зголемена соработка со локалната власт

СЗПМ одбележа 75 години од основањето: Во изминатиот период постигната подобра здравствена заштита и зголемена соработка со локалната власт
Скопје, 20 септември 2021 (МИА) – Благосостојбата и сигурноста на пензионерите во земјава се приоритет за Владата и за Министерството со кое таа раководи, истакна министерката за труд и социјална политика во своето обраќање по повод одбележувањето 75 години од основањето на Сојузот на здруженија на пензионери. -Во моментов во земјава има 324 илјади пензионери граѓани кои по придонесот за државата низ текот на својот работен век заслужуваат да имаат мирни и спокојни пензионериски денови и затоа грижата за нив е врвен приоритет за Владата, благодарение на вас и вашата пожртвуваност, денеска Република Северна Македонија е самостојна, просперитетна држава, членка на НАТО, меѓутоа и земја која храбро чекори на својот европски пат, порача Шахпаска. Додаде дека пензискиот фонд и покрај пандемиската и економската криза предизвикана од коронавирусот е во стабилна состојба. А, пензиите, како и досега ќе продолжат со тековна редовна и навремена исплата. На манифестацијата присуствуваше и премиерот Зоран Заев, тој порача дека пензискиот фонд е стабилен, со што пензиите ќе течат редовно и ќе растат согласно законот и најави дека до крајот на годината ќе се промени системот и методологијата за усогласувањето на пресметката на пензиите. - Со тоа ќе го исполниме најголемото барање на сите наши пензионери, а тоа е да се вгради и критериумот раст на просечната плата, покрај растот на трошоците на живот, изјави Заев. Со тоа, посочи тој, ќе имаме можност да направиме дисперзија и да гарантираме сигурен раст на пензиите и да се усогласиме со многу европски прогресивни земји. Од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија истакнаа задоволство од постигнатите резултати, како што се заштитата на стекнатите права од пензискито и инавлидиско осигурување, подобрата здравствена заштита преку ослободување од партиципација за болничко лекување на пензионерите со пониски примања и зголемена соработка со локалната власт, како и широкото поле на соработка со црвениот крст. -Посебно се импресивни резултатите во јубилејната 2021 година за кои ќе се потрудиме да не се заборават. Не може и не треба да се заборави дека Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија со одлука на Влада оваа година во месец јули, доби простори и цел спрат на трајно користење со што се создадоа подобри услови за работа во време кога Сојузот, заклучи Станка Трајкова, претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. Од Сојузот сметаат дека Владата покажала сериозен однос кон пензионерите. свс/ац/

Остани поврзан