• четврток, 26 декември 2024

СЗО: Организирање безбедни Олимписки игри во Токио нема да биде лесна задача

СЗО: Организирање безбедни Олимписки игри во Токио нема да биде лесна задача
Женева, 16 мај 2020 (МИА) - Директорот на Светска здравствена организација Тедрос Аданом Гебреисус денеска изјави дека организирањето на безбедни Олимписки игри во Токио следната година нема да биде лесна задача. Тој на заедничка прес-конференција со претставниците на Меѓународен олимписки комитет повика на единство и меѓународна солидарност. - Нема да биде лесно, но се е во наши раце. Ако работиме најдобро што знаеме, посебно со национално единство и меѓународна солидарност, мислам дека е можно, посочи Гебреисус. Отворањето на летните Олимписки игри, на кои ќе учествуваат спортисти од повеќе од 200 држави, закажано е за 23 јули 2021 година. ми/

Остани поврзан