• сабота, 28 декември 2024

СЗО ја следи новата варијанта на вирусот Ковид

СЗО ја следи новата варијанта на вирусот Ковид

Женева, 18 август 2023 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) и СAД ја следат новата варијанта на коронавирусот САРС-КоВ-2. Моментално е непознато потенцијалното значење на бројните мутации.

СЗО одлучи да ја класифицира новата варијанта во групата варијанти под надзор, поради многу големиот број (повеќе од 30) генски мутации што ги носи, пишува организацијата во епидемиолошкиот билтен.

Досега новата верзија е пронајдена во Израел, Данска и САД.

-Можните последици од мутациите BA.2.86 сè уште не се познати и се предмет на темелна анализа, велат од организацијата, предупредувајќи уште еднаш дека е важно да се продолжи со следење и информирање за да се добие точна и сеопфатна слика од пандемијата со Ковид-19. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан