• недела, 24 ноември 2024

СЗО со критики за Украина поради целосниот карантин

СЗО со критики за Украина поради целосниот карантин
Киев, 17 декември 2020 (МИА) - Целосниот карантин на Украина не е најдоброто решение за борба против Ковид-19. Ограничувањата се важни, но поважно е нивното почитување, изјави директорот на Европската регионална канцеларија на Светска здравствена организација, Ханс Клуге, кој е во посета на Киев. Владата на Украина претходно најави целосен карантин со цел да го запре ширењето на новиот коронавирус што ќе биде во сила од 8 до 24 јануари, а исто така ја продолжи и вонредната состојба до 28 февруари. За време на карантинот ќе бидат затворени училиштата, универзитетите, но не и градинките. Ќе бидат затворени сите пазари, забранети се сите масовни собири, културни настани. - Луѓето ги губат приходите и имаат потреба од макроекономска поддршка. Ако се затворат училиштата децата со попреченост нема да можат да имаат корист од дигиталните технологии. Истото важи и за луѓе со други болести како што се рак, кардиоваскуларни болести, на кои исто така им е потребен третман. Затоа е посоодветно да се користи помек и постепен пристап, нагласи Клуге. ми/

Остани поврзан