• среда, 25 декември 2024

СЗО: Ситуацијата со коронавирусот во Бразил е „вистински пекол“

СЗО: Ситуацијата со коронавирусот во Бразил е „вистински пекол“
Женева, 9 април 2021 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) ја оквалификува ситуацијата со ширењето на коронавирусот во Бразил како „вистински пекол“. Тоа го нагласи Брус Ејлард, виш советник на генералниот директор на СЗО, за време на брифинг. Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска го критикуваше судијата на Врховниот суд Луис Роберт Баросо за неговата одлука да му нареди на Конгресот да започне истрага за одговорот на федералната влада за пандемијата на Ковид-19. Болсонаро го критикуваше барањето конгресната истрага да се фокусира на неуспесите на федералната влада во нејзиниот одговор на пандемијата. Тој рече дека судијата на Врховниот суд „нема морална храброст“ и дека Баросо треба да побара отповикување на други судии од Врховниот суд. Тој ги обвини Баросо и „левичарите во Конгресот“ за прикривање корупција поврзана со договори во кои биле вклучени државата и градовите, без да објави имиња. Еден од четири смртни случаи од пандемијата оваа недела е пријавен во Бразил. Во последните неколку дена во земјата каде има над 13 милиони заразени се пријавени над 4.000 смртни случаи на ден. паг/

Остани поврзан