• четврток, 26 декември 2024

СЗО: Системот КОВАКС во следните недели очекува 250 милиони дози вакцини

СЗО: Системот КОВАКС во следните недели очекува 250 милиони дози вакцини
Женева, 29 јули 2021 (МИА) - Системот КОВАКС очекува да добие 250 милиони дози вакцини против Ковид-19 од донаторите за најсиромашните земји во светот во следните шест до осум недели, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Индискиот институт Серум, главен производител на вакцини на фармацевтската компанија Астра Зенека, првично требаше да има водечка улога во испораката на вакцини за КОВАКС, но поради брзото ширење на пандемијата во таа земја, Њу Делхи забрани извоз, со цел да се запре Ковид-19 во земјата. Затоа КОВАКС е зависен од донации од најбогатите земји во светот, кои купиле повеќе дози вакцини отколку што им се потребни. Преку КОВАКС, кој е финансисран од богатите земји, досега дистрибуирани се 152 милиони дози вакцини во 137 посиромашни земји. ми/

Остани поврзан