• среда, 18 декември 2024

СЗО се надева на стотици милиони дози вакцина против Ковид-19 до крајот на годината

СЗО се надева на стотици милиони дози вакцина против Ковид-19 до крајот на годината
Женева, 18 јуни 2020 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) изрази надеж  дека ќе се произведат неколку стотици милиони дози на вакцина против новиот коронавирус до крајот на годината, па дури и две милијарди во текот на 2021 година. Како што се забрзува трката за вакцините, научниот директор на СЗО, Сумија Сваминатан рече дека повеќе од 200 кандидати за вакцини се анализираат низ целиот свет и се водат десетина клинички испитувања. - Ако имаме среќа, ќе има еден и двај кандидата пред крајот на годината, изави таа на онлајн прес конференција. Според неа, приоритет во вакцинацијата треба да бидат оние кои се на „првата линија“ - лекари и полицајци, потоа чувствителни луѓе како што се стари лица и, конечно, луѓе кои се најмногу изложени на инфекција во околината, домови за згрижување стари лица или населби каде што се инфекции лесно се шират. - Започнуваме од претпоставката дека би можеле да имаме неколку стотици милиони дози вакцини до крајот на оваа година, а тоа е оптимална прогноза, изјави претставникот на СЗО, додавајќи дека се надева дека во 2021 година ќе има две милијарди дози, како и две до три ефикасни вакцини. зш/

Остани поврзан