• недела, 06 октомври 2024

СЗО предупреди дека „совршена бура“ му се заканува на здравјето на жителите на Газа

СЗО предупреди дека „совршена бура“ му се заканува на здравјето на жителите на Газа

Женева, 16 ноември 2023 (МИА) – Ако бомбите не ги убијат луѓето во Газа, болестите ќе ги убијат, изјави докторката Маргарет Харис, портпарол на Светската здравствена организација (СЗО), за Би-Би-Си Радио 4.

Харис рече дека Палестинците во Газа се соочуваат со „галопирачки гастроентеритис“, ограничена чиста вода, пороен дожд, канализација што не работи, со огромен број луѓе кои живеат во шатори.

- Не треба да сте експерт за јавно здравје за да сфатите колку е ова катастрофално, додаде таа, нарекувајќи ја ситуацијата „совршена бура“. јт/

Фото: УНРВА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан