• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

СЗО постигна договор за заеднички одговор на идните пандемии

СЗО постигна договор за заеднички одговор на идните пандемии

Женева, 16 април 2025 (МИА) - Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) постигнаа договор за заедничка подготовка за идни пандемии по повеќе од четири години преговори, соопшти денеска организацијата.

-Земјите-членки на СЗО направија големи чекори напред во нивните напори да го направат светот побезбеден од пандемии. Ова е историски договор за здравствена безбедност, еднаквост и меѓународна солидарност, се вели во соопштението.

Предлогот ги наведува мерките за спречување идни пандемии и глобалната соработка во одговорот на епидемии. Тоа е правно обврзувачки пакт чија цел е зајакнување на одбраната на глобалното население од вирусот, откако милиони луѓе починаа за време на пандемијата Ковид-19 помеѓу 2020 и 2022 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан