• среда, 25 декември 2024

СЗО: Од Газа во ОАЕ префрлени на лекување 85 болни и тешко повредени пациенти

СЗО: Од Газа во ОАЕ префрлени на лекување 85 болни и тешко повредени пациенти

Женева, 31 јули 2024 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека 85 болни и тешко повредени пациенти се евакуирани од Појасот Газа во Обединетите Арапски Емирати на лекување.

Меѓу нив има 35 деца и 50 возрасни.

Придружувани од 63 членови на нивните семејства или лица задолжени да се грижат за нив, евакуираните пациенти ја напуштиле Газа преку преминот Керем Шалом, влегле во Израел, а потоа од аеродромот Рамон, во близина на Еилат на југот на земјата, полетале за Абу Даби.

Од октомври минатата година, околу 5.000 лица се евакуирани од Газа на лекување во странство, повеќето во Египет, Катар или ОАЕ.

Според СЗО, на повеќе од 10.000 пациенти во Газа им е потребна медицинска евакуација за да добијат соодветна нега. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан