• понеделник, 23 декември 2024

СЗО одржува итен состанок поради нов сој на мпокс

СЗО одржува итен состанок поради нов сој на мпокс

Женева, 14 август 2024 (МИА) - Светската здравствена организација (СЗО) денеска одржува итен состанок за да разгледа загрижувачко жариште на нов сој на мпокс(т.н. мајмунски сипаници). На состанокот учествуваат 16 експерти, кои ќе одлучат дали да прогласат вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење – највисокото ниво на предупредување што СЗО може да го издаде.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, на почетокот на состанокот изјави дека оваа година во Африка се регистрирани над 14.000 случаи на новиот сој, при што досега починале најмалку 500 лица. Епицентарот е во Демократската Република Конго, но во последните недели се регистрирани 90 случаи и во соседните држави, што создава ризик од понатамошно ширење на епидемијата.

Мпокс се вирусно заболување кое предизвикува осип со меурчиња. Се пренесува преку физички контакт со заразени лица или животни, како и преку контакт со контаминирани материјали. Иако повеќето пациенти целосно се опоравуваат, болеста може да биде опасна за деца, бремени жени и лица со ослабен имунитет. ссм/

фото: архива

Остани поврзан