• четврток, 26 декември 2024

СЗО: Новиот сој има две варијанти

СЗО: Новиот сој има две варијанти
Женева, 4 јануари 2022 (МИА) - Постојат три видови соеви, тие што ги следиме, тие кои предизвикуваат интерес и тие кои предизвикуваат загриженост, изјави денеска експертот на Светска здравствена организација (СЗО), Абди Махмуд. Тој на брифинг во Женева истакна дека од ноември внимателно го набљудува новиот сој на коронавирусот  Б.1.640.2. како неговите две подваријанти. Новиот сој Б.1.640.2 го открија научниците во Универзитетската болница во Марсеј, Франција. Со тој сој заразени се 12 луѓе во јужниот дел на Франција, а како нулти пациент е означен повратник од Камерун. Махамуд истакна дека СЗО ќе продолжи да го следи сојот Б.1.640.2, вклучително и негово можно ширење во другите европски земји. ми/

Тагови

Остани поврзан