• среда, 25 декември 2024

СЗО: Нема докази дека вирусот се сменил, мерките да останат

СЗО: Нема докази дека вирусот се сменил, мерките да останат
Женева, 1 јуни 2020 (МИА) - Нема докази дека коронавирусот се сменил, ниту кога станува збор за формата на пренесување, ниту кога е во прашање сериозноста на болеста што ја предизвикува, предупреди денеска епидемиолог на Светската здравствена организација Марија Ван Кирков. - Во однос на пренесувањето, нема промена, во смисла на тежина на болеста, нема промена, рече Кирков на прес-конференција. Таа истакна дека е важно мерките за намалување и сузбивање на трансмисијата на вирусот да останат во сила. јт/

Остани поврзан