• петок, 22 ноември 2024

СЗО: Мајките треба да дојат и кога имаат Ковид-19

СЗО: Мајките треба да дојат и кога имаат Ковид-19
Женева, 3 август 2020 (МИА) – Мајките треба да ги дојат своите бебиња дури и ако имаат Ковид-19, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, затоа што придобивките го надминуваат ризикот од зараза. - СЗО препорачува мајките кај кои постои сомневање или е потврден Ковид-19 да бидат охрабрени, како и сите други мајки, да почнат или да продолжат со доење, рече Тедрос на прес-конференција. Со оглед на тоа што светот ја одбележува Неделата за подигнување на свеста за доењето, Тедрос во контекст на тековната пандемија рече дека многуте предности од доењето за новороденчиња и децата значително го надминуваат потенцијалниот ризик од зараза со Ковид-19. јт/

Остани поврзан